
Националната установа центар за култура „Ацо Шопов“ Штип оваа година не е дел од 37. издание на штипско културно лето. Според директорот на установата Горан Трајков ова се должи пред сѐ на немањето јавен повик и можноста да се пријават за да бидат дел од манифестацијата. Вели од овде се појавува сомнеж дека средствата обезбедени за штипско културно лето некој си ги ставил во џеб.
„Многу е битно дека после овој постпандемиски период музичарите не беа дел од овој настан, тие беа изложени на ризик да бидат без средства. Оваа година требаше сите музичари од Штип кои творат и музицираат. Вака изгледа дека некој си присвоил парите на граѓаните“ – кажа Трајков.
Според Трајков треба институциите да бидат транспарентни до максимум затоа што се трошат пари на граѓаните. Од Локалната самоупрва во Штип за одговор не упатија до Кирил Панајотов, бидејќи тој е одговорен за Штипско културно лето 2022 година. На прес конференцијата која ја одржаа ден пред отворањето на ШКЛ, Панајотов истакна дека се следи вториот концепт и по него се одредува кој сѐ ќе биде дел од ШКЛ.
“Во текот на повеќе децениското егзистирање на ШКЛ јавниот повик не бил секогаш пракса, однонсо механизам преку кој би требало да се селектираат содржините кои ќе бидат достапни на нашата манифестација. Генерално во борба секогаш биле два концепти на организирање на програмата на ШКЛ. Едниот концепт е локалниот карактер, а другиот е да донесеме содржини кои во други случаи тешко може да ги донесеме.
Минатата година се практикувал првиот концепт, но за да не биде ШКЛ манифестација на локално ниво, годинава е одлучено да се применува вториот концепт без јавен повик, додава Панајотов. Оваа година за ШКЛ општината издвојува половина милион денари.
Лаура Стојанова М-Нет