
„Во малоптодажба, цените на течен нафтен гас, на бензинските станици веќе се намалени во распон од 5 до 6 денари по литар и се движат од 53 до 54 денари. Ова нее е изолирран чекор, туку системска реакција на пазарот која доваѓа како резултат на јасен институционален сигнал и координација. Сакам јасно да потенцирам дека ова намалување не е резултат на краткорочна пазарна случајност, туку е резултат на анализа која што е направена од страна на државниот пазарен инспекторат, и преку договор и преку превземана одговорност ид страна на трговците доваѓаме до намалување на бруто маршите. Постигнавме согласнист овие мерки да бидат намалени и да се задржат на тоа ниво и во наредниот период, да немаме осцилации кои пто сега ќе ги имаме оваа недела кон намалување, а во следната би имале зголемување. Што значи дека за повеќе од 10 проценти во трговијата на глемо и за 9 до 10 проценти вомалопродажбата ќе имаме намалување. Наместо пасивно следење на пазарнот, активно интервенираме таму каде што постои простор за корекција во интерес на граѓаните. Како Влада ќе продолжиме со истиот пристап, со анализа, со дијалог и со конкретни резултати. Пазарот мора да функционира но мора да биде и праведен, а интересот на граѓаните за нас како Влада ќе остане врвен приоритет.“- Марија Митева, Портпарол во Влада на Република Северна Македонија
Цените на течниот нафтен гас во малопродажба се намалени за 5 до 6 денари по литар и се движат меѓу 53 и 54 денари, информираше Портпаролката на Владата на Република Северна Македонија, Марија Митева. Таа нагласи дека ова не е изолиран случај, туку резултат на координирана институционална реакција и анализа спроведена од Државниот пазарен инспекторат. Намалувањето е постигнато преку договор со трговците и нивна одговорност за намалување на бруто маржите. Дополнително, постигната е согласност цените да останат стабилни и да се избегнат идни осцилации.
Митева е децидна дека пазарот активно се следи и дека согласно можностите се интервенира.
Митева истакна дека Владата ќе продолжи со мерки кои обезбедуваат фер и стабилен пазар во интерес на сите граѓани.
Дајана Сандева, М-Нет