
Освен пипер и модар патлиџан за ајвар, везен пипер, овошје и зеленчук на пазарот во Штип денеска но и во претодните пазарни денови се нуди и мед и производи од мед. Произведувачите велат дека годинава има поголем количина изваден мед од лани, ама нема залихи. Цената на овој производ варираше од тезга на тезга, односно тегла мед на градскиот пазар во Штип можеше да се најде од 400 до 500 денари. Произведувачите поделени за тоа колку побарувачка има, но сепак секој петок се пристутни на пазарот каде го пласираат својот прозивод.
„Оваа година е средно да ви кажам, и има и нема качи се малку цената и нема многу потрошувачка. Ама кој има зор па си зима“
„Медот е 400 денари ама цената ќе се покачува на 450, има продажба, има заинтересираност. Цената ќе се покачува бидејќи нема доволно мед, а се зголемува побарувачката“
Произведувачите на мед велат дека за тоа колку мед ќе се извади големо значење има природата, па честа е сликата кога пчелари од Штип на пример своите пчели ги носат на паша во Берово.
Граѓаните велат дека медот е добар производ и треба да биде дел од исхраната. Согласни беа дека цената е висока, но мед не се купува често.
Во меѓувреме, врз производството на мед годинава влијаеше и големата суша. Дел од пчеларите истакнаа дека морале да ги прехрануваат пчелите за да продолжат да ги имаат.
Лаура Стојанова М-Нет