Целосно изгаснат големиот пожар во поранешната фабрика „Декортекс“ во Радовиш

Пожарот кој вчера избувна во магацин во просториите на поранешната фабрика „Декортекс“ во Радовиш е целосно изгаснат. Огнот бил во разгорена фаза поради присуството на брзо запаливи материјали во објектот.

По пријавата, веднаш интервенирале екипи на ТППЕ Радовиш, а на помош пристигнале и пожарникари од Струмица, како и членови на Доброволното противпожарно друштво Мантово. Пламените јазици и густиот чад брзо се ширеле низ целиот објект, поради што интервенцијата траела подолг временски период. Од надлежните информираат дека пожарот е целосно локализиран и изгаснат, а причините за неговото настанување дополнително ќе ги утврдуваат надлежните служби.

„Пожарот беше во разгорена фаза поради брзо запаливите материјалите кои што беа во него.

За неполни три минути од пријавата за пожар нашата екипа излезе на терен.

Веднаш беа мобилизирани сите пожарникари,а на помош пристигнаа и екипи од Т.П.П.Е Струмица и Д.П.Д.Мантово.

Командирот Кулушиќ на кратко излегувајки од просториите кои што беа во пламен на кратко изјави пожарот е под контрола, дека гаснењето продолжува за пожарот целосно да биде изгаснат.

Сите пожарникари пожртвувано влегоа во просториите кои што беа во пламен,ризикувајки ги безпоштедно своите животи.

Пожарот е изгаснат.Како и од што настанал пожарот накнадно ке утврдуваат службите кои што излегоа на терен.“, велат од ТППЕ Радовиш

Надлежните служби во наредниот период ќе вршат увид за да се утврдат причините за избувнувањето на пожарот и висината на причинетата материјална штета.

Иван Митев, М-Нет