
Едногласно против изградбата на регионалната депонија во селото Мечкуевци се револтираните жители од светиниколско. Загрижени велат дека нема да дозволат Овчеполието да стане депонија за отпад. Стравуваат дека ветерот ќе ги носи чадот, смрдеата и опасните материи директно кон Свети Николе и Штип. Бараат депонијата да се дислоцира кај Аџибегово, каде што, велат, нема народ и нема да се загрозува ничие здравје.
,,Сум против депонијата. Не само накај Свети Николе, северот секогаш дува, што значи дека Штип ќе го направби партал и овие села Мустафино да.“, кажаа анкетираните
,,Meчкуевци, најчисто место во овчеполието е и затоа не се ни слагам.“ , истакнаа анкетираните.
Како најдобро решение го гледаат преместувањето на депонијата, за да се намалат штетите по здравјето и природата. Велат дека Мечкуевци е едно од најчистите места во Овчеполието, па затоа сметаат дека кај Аџибегово, каде што во моментов нема луѓе, е најпаметна и најбезбедна опција.
,,Депонија може накај Брегалница, нема населено место, Аџибеково е пусто.“,
Жителите на светиниколско велат дека очекуваат надлежните институции да го разгледаат нивниот став и да донесат одлука во интерес на граѓаните. Порачуваат дека нема да се согласат со решение кое, според нив може да го загрози здравјето и животната средина. Остануваат на ставот дека дислокацијата е најдоброто решение и апелираат нивниот глас да биде слушнат пред да се донесе конечна одлука.
Иван Митев, М-Нет