Целосно асфалтирана и проширена улица, обиколница, добива село Карбинци, најдолга досега

Започна реконструкција на најдолгата улица во село Карбинци. Улицата е во должина од 620 метри, дел од истата преходно имала асфалт, а другиот дел е покриен со земја. Улицата ќе се прошири за пет метри, ќе биде целосно асфалтирана, што за првпат Карбинци ќе добие и еден вид обиколница. Градоначалникот Виктор Паунов истакна дека ова е по барање на жителите и урбанизација на селото. Претходно се работеше и на промена на водоводната и канализациона мрежа.

„Се работи за улица која е со должина од 620 метри или некаде околу 3100 метри квадратни. Оваа улица ќе добие проширување со ширина од пет метри, за првпат дел од оваа улица че добие и асфалт. За крбинчани е од доста големо исуштинско значење затоа што оваа улица е еден вид обиколница на селото Карбинци, не само за оние жители кои живеат тука. Претходно овде се инсталираше нова водоводна и канализациона мрежа.“ – вели Паунов.

Задоволни од она шти се реализира на терен се и жителите од село Карбинци. Велат дека конечно по подолги години добиваат нова асфалтирана и проширена улица.

Улицта е финансирана од Бирото за регионален развој, а општината заедно со ЈП Плачковица издвоија 300 илјади денари за промена на водоводоната и канализациона мрежа.

„Оваа улица е финансирана од Бирото за регионален развој, а канализацијата и водоводот е обврска на Општина Карбинци и ЈП Плачковица. Финансиската рамка за улицата изнесува четири милиони денари, а водоводот и канализационата мрежа изнесува некаде околу 300 илјади денари.“ – додава Паунов.

Со оглед на добрите временски услови се очекува улицата да биде завршена ко крајот на месец февруари.

Лаура Стојанова М-Нет