
Во напредна фаза е изградбата на патниот правец од село Долни Балван до село Таринци. По увидот на лице место, градоначалникот Виктор Паунов истакна дека поставена е мрежата за осветлување, а до крајот на овој месец се очекува целосно да биде завршена и пешачко-велосипедската патека. Рокот за завршување на реконструкцијата на овој патен правец, е до крајот на месец март.
„Веќе се во напредна фаза, она што можам да го кажам од увидот на терен е дека веќе е наместена и мрежата за осветлување, слојот под тло е веќе завршен и се очекува до крајот на месец февруари да биде целосно завршен и делот на пешачката патека, со тоа што завршниот дел на коловозот очекувам некаде до средината или крајот на месец март да биде целосно пропреман и асфалтиран како што практично е предвидено“ – вели Паунов.
Целиот проект за реконструкција на овоој патен правец е во вредност од 30 милиони денари. Парите се обезбедени од Министерството за траснспорт и врски, со кофинансирање од Општина Карбинци во делот на осветлувањето.
„Вредноста на патниот правец Таринци – Долни Балван е со сума од 27 милиони денари финансии кои се обезбедени од Министерството за транспорт и врски преку програмата за локални патишта. Но, Општина Карбинци кофинансира со вредност од три милиони денари во делот на осветлувањето“ – додава Паунов.
Реконструкцијата на патниот правец од село Долни Балван до село Таринци започна на 18 август минатата година. Предвидено е по повеќе од шест децении локалниот пат да биде целосно реконстуриан, а за првпат да се изгради и пешачко велосипедска патека.
Лаура Стојанова М-Нет