
Продолжува помошта од страна на Владата, за справување со последиците од ковид пандемијата. Со четвртиот пакет мерки се опфатени пензионерите, самохраните родители и пасивните баратели на работа. Со овој пакет мерки, им се помага на економијата како и задржување на работните мерки и намалување на невработеноста. Доволно или не, граѓаните кои се наоѓаат во оваа група ќе добијат по 6000 денари, и партите ќе бидат префрлени на нивните постоечки трансакциски сметки. Пензионерите немаа должност да одат до банка или да поднесуваат податоци, туку само на страната купувам домашно со матичен број можеа да проверат дали се наоѓаат на списокот. Денешната слика во строгиот центар на Општина Штип, беше цели редици граѓани кои чекаат да дојдат на ред за влез во банка. Во време на пандемија, за санирање на последиците од истата се доделуваат финансиски средства, но се почитуваа ли мерките за дистанца и не групирање на повеќе од четири лица. Граѓаните на Општина Штип, не се запознаени на начинот на кој може да ги искористат средствата, ниту дали им се префрлени на сметките, па заради тоа и чекаат по цел ден да дојдат на ред и добијат информација плус, дознавме од анкетата спроведена во централното подрачје на Општина Штип.
Но, од друга страна од анонимни граѓани дознавме дека средствата кои стигнале на картичката на пензионерите биле извадени како пари без притоа да мора да се пазарува со нив по основ на купување домашни производи. Гужвата пред банките е започната уште рано изутрина, а се чека од 20 тина минути па и до час време.
Овој пат платежни картички со износ од 6.000 денари ќе добијат 5.726 самохрани родители, пензионерите со пензии до 15.000 денари, односно 182.271 сограѓани пензионери, невработените кои се пасивни баратели на работа, односно 85.108 граѓани, самостојните уметници, филмски работници, културни работници и естрадни уметници чија бројка е 520 корисници.
Лаура Стојанова М-Нет