Ликовната уметност нуди можности за стекнување на трајни знаења и вештини за ликовно изразување. Ликовните уметници, не познаваат граници. Се познава раскошот, се истакнуваат емоциите и деновите од секојдневието. Ние можеме да уживаме во нивните дела и да ја доловиме нивната приказна.
Токму во Дом на културата „Ацо Шопов“ во Штип. Се одржи колонијата „Ѓуриште“. Колонијата се одржува од страна на Дом на културата од Свети Николе. Инспирирана од пејзажи од Свети Николско и се одржува секоја година традиционално. И оваа постановка се носи подоцна во неколку градови низ Македонија. Денес Штип ја имаше честа. Дела на 12 македонски автори, секој со своја приказна. Инспирирани од своја приказна, но исто така во колонијата беа дела инспирирани и од пандемијата Ковид-19. Која за жал го опфати светот.
Сепак, ликовната уметност е одраз на творештвото вели проф.Д-р Трајче Стојанов
Надица Стојковска/ М Нет
Игор Зиврев/ М Нет