
Црвсти и стабилни односи помеѓу Република Србија и Република Македонија вели министерот од српската влада Старовиќ. Дециден дека без разлика на политичките промени во државите односите ќе бидат долготрајни, затоа што важно е тоа што го постигнавме во претходниот период со иницијативата отворен Балкан, која е во добро на граѓаните.
„Одосите помеѓу Република Србија и Република Северна Македонија се цврсти, стабилни, долготрајни и истите не зависат од било какви политички промени во едната или другата држава. Мислам дека е од голема важност сето тоа што го постигнавме во претходниот период и иницијативата отворен Балкан која е во добробит на сите граѓани на Република Србија, Република Северна Македонија и Република Албанија. “ – изјави Старовиќ
Стоилковиќ, министерот за односи меѓу заедниците од Република Македонија истакна дека во наредниот период ќе се работи на проекти, дел од тоа е „Београд 2027“, разговор со две странски инвестиции и следната работа е разговор за искуствата врзани со изградба на брзи пруги, затоа што наредниот период ќе се започне изградба.
„Она што е прво најавено тоа е средба во врска со ангажман и помош при реализација на проектот „Београд 2027 “ тоа е првата работа која што веднаш ќе ја реалзираме, втората работа е разговор со две странски инвестиции и третата работа е Србија да ни ги стави искуствата врзани со изградбата на брзи пруги Србија, затоа што во наредниот период ќе не очекува почетокот на реалзизација на тој проект.“ – додава Стоилковиќ
При посетата на претседателот на владата на Србија за некаде околу десетина дена ќе се откријат активностите за две странски инвестици, вели Стоилковиќ.
Лаура Стојанова, М-Нет