
Со свечена церемонија, положување на свежо цвеќе и инторнирање на химните на Република Србија и Република Македонија се одбележа 111 години од големата Брегалничка битка. Немања Старовиќ министер во српската влада исткна дека денешниот ден е многу важен за сите, затоа што се одбележува голема победа на балканската војна, но и тага за загинатите војници.
„Денешниот ден за нас, како и за сите срби ширум светот многу значаен, затоа што одбележуваме наша голема победа во балканскта војна. Во ова важна прилика, сите срца се полни со радост и тага. Тага затоа што го гледаме бројот на војничките споменици, но и радост што 111 години собираме нов свет и место и ги славиме деновите.“ – изјави Старовиќ
Додава дека сеќавањето треба да остане важен спомен и нова лекција за идните генерации, лекција од хероите кои ја бранеле честа на оружјето.
„Нека сеќавањто на Брегалничката битка биде важна спомена на сите, затоа што значо брату убиство, а од друга страна нека биде лекција на новите генерации, лекција од хероите кои ја бранеле честа на српското оружје. Нека им е вечна славата на јунаците. “ – додава Старовиќ
Инаку битката на Брегалница во 1913 година се водела помеѓу бугарските и српските војници во регионот на река Брегалница и Малешевска планина и таа претставува една од најзначајните битки.
Лаура Стојанова, М-Нет