Општина Македонска Каменица е препознатлива по уникатното цветно декорирање во текот на сите годишни времиња. Убавиот сончев декемвриски ден се искористи за опрашување на виолата пред црквата „Успение на пресвета Богородица“ која е лоцирана во строгиот центар на општината веднаш до градскиот плоштад.
И во овој дел од годината се вршат работни активности за одржување и одгледување на цветните леи пред црквата успение на пресвета богородица во општина македонска каменица овдека во четири жандињери имаме посадено виола така што неминовно е нејзино постојано одржување и со прашењето во овој период од годината ја подобруваме структурата на почвата и го подобруваме топлотниот и воздушниот режим а со тоа се подготвуаат цвеќињата за успешно презимување и очекуваме да имаат добар цвет додека им трае животниот век. Влатко Димитровски инжинер за хортикурно уредување
Со самото опрашување се подобрува и квалитетот на почвата збогатувајќи ја со поголема количина на кислород. Доколку добро се одгледуваат цветните декорации се внимава и редовно прихрануваат со пестициди исектоциди и други препарати наменети за нив жителите на Каменица а и оние кои го посетуваат градот едноставно уживаат во убавината што ја има на сите страни околу плоштадот пред црквата а и самиот кеј на каменичка река кој е секогаш со средена тревна површина окастрени дрвја а и љубичица која е сега најзастапена овој период од годината.