Штипјанецот Александар Ѓоргиевски како пожарникар – доброволец заминува за Хрватска

Лошите вести од Хрватска и стравичните слики од епцентралното подрачје во Петриња го предизвикаа штипјанецот Александар Ѓоргиевски да упати апел за организирање на довровлно друштво на пожарникари да се упатат кон Петриње. Самиот Александар Ѓоргиевски штотуку ексклузивно ни изјави дека веќе реализира превоз за упатување во Хрватска веднаш и дека тој самиот ќе замине во настраданото подрачје. Информациите од Хрватска велат дека новиот земјотрес бил со интензитет од 6.3 степени и предизвикал огромни штети особено во градот Петриња. Александар Ѓоргиевски како искусен пожарникар и докажан хуманист ќе се стави на располагање на хрватските спасувачки служби во помош на настраданото население и во расчистување на предизвиканите оштетувања. Александар Ѓоргиевски ќе биде постојано на линија со редакцијата на Мнет ТВ и ќе информира за настаните од Хтватска.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk