Хуманоста на Mozzart блесна на Lazarov Awards 2026 – донација од 200.000 денари во СОС Детско Село

На настанот Lazarov Awards 2026, компанијата Mozzart уште еднаш ја потврди својата голема општествена одговорност и хуманост со донација од 200.000 денари во СОС Детско Село.

На самиот влез гостите ги пречекуваше хуманитарно тркало со различни парични суми, поставено од Mozzart – симбол на надеж и солидарност. Секој присутен имаше можност да го заврти и да придонесе со своја сума, а сите собрани средства се претворија во значајна донација која на крајот беше предадена на СОС Детско Село.

„Изразуваме голема благодарност до Mozzart за исклучителната поддршка при организацијата на Lazarov Awards 2026. Познати по својата општествена одговорност, уште еднаш ја потврдија својата хуманост со донација од 200.000 денари. Средствата беа собрани преку хуманитарното тркало поставено на самиот влез, а Mozzart великодушно ги насочи за СОС Детското Село,“ изјавија организаторите Стефан Лазаров и Димитар Атанасовски.

„Задоволство ни беше што имавме можност да бидеме дел од овој настан и да помогнеме во неговата организација. Посебно сме среќни за донацијата во СОС Детско Село. Заедно создаваме иднина исполнета со љубов и сигурност,“ истакна Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.

Овој гест не беше само финансиска поддршка, туку силна порака за заедништво, љубов и надеж – доказ дека кога луѓето се обединети, можат да создадат вистинска промена.

ПР

Текстот Хуманоста на Mozzart блесна на Lazarov Awards 2026 – донација од 200.000 денари во СОС Детско Село е превземен од МАКФАКС.