Неизвесност пред летото кај штипските пензионери – ќе стигне ли пензијата за целиот јуни?

Неизвесност и грижа пред летото кај штипските пензионери – ќе стигне ли пензијата за целиот јуни? Новите покачувања, доста осетливи за нив, велат дека високите цени се нивната слаба точка. Пари за леб, храна, лекови или пак сметки, велат дека и самите не знаат на што најпрво да мислат и како да прават математики за да ги распоредат парите. Да се тргне нешто настрана веќе е невозможно.

Иако велат дека најчесто купуваат што ќе начекаат на акција, пензионерите се жалат дека на каса ги чека непријатно изненадување. Истакнаа оти цените на рафт и на сметка не се секогаш исти, па често плаќаат повеќе од што очекувале.

Пензионерите додаваат дека секое одење во маркет е нова главоболка. Се почесто се откажуваат и од најосновни работи, бидејќи парите не стасуваат. Прво сметки и лекови, па ако остане нешто храна.

Иван Митев, М-Нет