Кочани го доби баражот со Билјанини Извори и останува во Првата женска фудбалска лига

Екипата на Кочани преку пресврт славеше во бараж дуелот против второлигашот Билјанини Извори и избори опстанок во Првата женска фудбалска лига за следната сезона, откако мечот во Ѓорче Петров заврши со резултат од 7:3.

Голем хендикеп за Билјанини Извори беше тоа што тимот немаше натпреварувачки ритам откако Втората лига беше прекината по 10 кола, но сепак тимот од Охрид му честиташе на Кочани за триумфот посакувајќи му среќа и успех во новата сезона во Првата лига.

Тимот од Охрид по само осум минути игра имаше предност од 0:2 преку головите на Јулчовска и Николовска. Кочани преку Милеска и Донева израмни на 2:2 за полувреме.

Во вториот дел се случи комплетен пресврт кога Кицара постигна гол за 3:2, а потоа преку Велиновска и Милеска екипата на Кочани дојде до 5:2.

До крајот од средбата екипата на Кочани постигна уште два гола преку Стојанова и Кицара дојде до 7:2, а во финишот од средбата Ристова постигна атрактивен гол за конечни 7:3.

Екипата на Кочани и следната сезона ќе игра во Првата женска фудбалска лига во друштво со Скопје, Тиверија Брера, Истатов, Љуботен, Каменица Саса, Ас Јунајтед, Вардар, Речица и Конзули.

Алесандар Ванев, М-Нет