
ФК Брегалница од Штип денеска го договори првото засилување за продолжението од шампионатот. Нов фудбалер на штипските „сини“ е Хрватот Диего Живулиќ.
29-годишниот Живулиќ е фудбалер од средниот ред, а во редовите на Брегалница доаѓа од унгарскиот Диошѓер, кој е негов последен клуб.
Живулиќ, кој потекнува од фудбалската школа на Ријека, е поранешен младински репрезентативец на Хрватска и зад себе веќе има богата играчка кариера. Покрај за Ријека има настапи и за Поморац во Хрватска, за Жлин и Викторија Плзен во Чешка, Пафос на Кипар и полскиот Сласк Вроцлав. Изминатата година настапуваше за унгарски Диошѓер од каде сега доаѓа во Брегалница.
Спортскиот директор на Брегалница, Никола Тонев истакна дека Брегалница е во преговори со уште две-три квалитетни имиња со што би се комплетирал играчкиот кадар за пролетниот дел.
Брегалница утре заминува во Анталија каде ќе бидат реализирани главните подготовки пред продолжението од шампионатот.