Се запали стан во центарот на Кочани. Имено, нешто по 18 часот, на улица Кеј на револуција, во станбени згради на трети спрат се запали стан. Оган, пламен, чад беше се што можеше да се види во моментот на местото на настанот. Противпожарната територијална единица Кочани на местото на настанот беа со неколку противпожарни возила и екипа пожарникари. Во акцијата на гаснење на пожарот учествуваа и од Доброволното противпожарно друштво Кочани. Според за сега се уште не официјални извори пожарот настан од грејни тела, но нема жртви само е причинета голема материјална штета. Според очевидци настанот се случил толку брзо што само за момент се било пепел.

Тие додаваат дека станот бил изнајмуван, односно во него живееле луѓето под кирија. Дополнителен проблем беше не доволно пристапниот терен и на улицата и во самата зграда, но по 40 минути пожарот беше изгаснат. Изгорените работи се исфрлија преку прозорите со цел превентива и да не се случи да гори повоторно. Но, откако пожарот се изгаси пола Кочани односно левата страна од реката остана во темница, односно без електирична енергија. Подетални информации се очекуваат во текот на утрешниот ден.