
По објавата на М-Нет телевизија за лошата состојба во која живее штипјанецот Панче Ефремов, пристигна и првата донација на негова адреса. Екипи од Црвен краст Штип доставија пакети со храна, облека и кебиња, со цел барем малку да се олесни животот на 58 годишниот Панче. Од Црвен крст Штип истакнаа дека и во иднина ќе се продолжи трендот на помош на сите граѓаните кои имаат потреба од тоа.
„Црвен крст Штип денес заедно со напиот тим направиме проценка во домот на Панче Ефремов и при првичната проценка обезбедивме пакет со храна, нови ќебиња и облека. Панче живее навистина во лоши услови и му е потребна помош“ – вели Димитровска.
Благодарност за првата донација упати јавно и Панче. Вели дека ова е првпат некоја институција да помисли на него и да му помогне на било кој начин. Стои на ставот дека бара работа за да може да заработува и живее.
„Јас се заблагодарувам на Црвен крст што ме посетија и ми помогнаа. Ова е прва помош која пристигна кај мене“ – додава Панче.
Панче Ефремов веќе седум години живее без струја и вода, со социјална помош од едвај 5000 денари. Куќата му е пред распаѓање, а работи приватно ако некој го викне за да земе некој денар за парче леб, оти работа не може да најде. Вода зема од соседите и од нив ја добива единствена помош засега. Има потреба од храна, облека, средства за хигиена, како и помош за реновирање на старата и дотраена семејна куќичка.
Лаура Стојанова М-Нет