Две локации во населба Осми Ноември се уредени за паркинг простор, се работи на уште една

Две локации во населбата Осми Номеври се завршени и пренаменети за паркинг простор за жителите од овој дел од градот. Станува збор за просторот меѓу улиците Енгелсова и булевар ЈНА, како и просторот меѓу Енгелсова и Булевар Партизанска. По барање на жителите, се добија поголем број паркинг места, со што се ублажува еден од најголемите проблеми во Штип. Градоначалникот Иван Јорданов, кој направи увид на лице место, истакна дека активностите на терен продолжуваат и во наредниот период со цел да се одговори на барањата на штипјани.

„Продолжуваме со уредување на позиции во населбата Осми Ноември. Она кое денес сакам да го истакнам е дека завршени се две паркинг позиции помеѓу станбени згради, нешто што беше барање на жителите од оваа населба. Затоа што се зголемува од година во години бројот на автомобили и потребата на граѓаните од паркинг место. Одлучивме на две локации, помеѓу улицата Енгелсова и булевар ЈНА да се искористат и да се истретираат за да може да служат на граѓаните за паркирање, и една позиција меѓу улицата Енгелсова и булеварот Партизанска“ – вели Јорданов.

За третирање на двете површини, нивно осветлување и уредување општината издвои 1,5 милиони денари пари од сопствениот Буџет. Во оваа прилика Јорданов потенцираше дека продолжуваат и тековните работи на терен, како уредување на влезови пред станбени згради во повеќе населени места. Нов паркинг простор ќе има на уште една локација во истата населба.

„Нема да застанеме овде, планирана е исто така една друга локација во рамки на населбата Осми Ноември каде ќе се третира површината за да служи за паркинг површина и нормално она што тековно го работиме уредување на просторот и површините пред сите станбени згради. Средствта кои ги обезбедивме се од Буџетот на Општината, во вредност од 1,5 милиони денари.“ – додава Јорданов.

Во меѓувреме се работи на уредување на влезовите пред станбените згради и тротоарските површини со павер елементи во повеќе населени места во Штип.

Лаура Стојанова М-Нет