Храбриот Детонит до бод против лидерот Беса, продолжува неизвесната трка за Прва лига

Во саботата беше одиграно дербито на 20. коло во Втората лига меѓу лидерот Беса и Детонит Плачковица, а гледачите на телевизија М Нет имаа можност да го проследат истото преку директен пренос од Врапчиште.

За радовишани ова е голем бод во трката за второто место кое води во Прва лига, но и за зачувување на третото место кое води во баражот.

Тренерот на Детонит Плачковица, Иван Варадиновски, по натпреварот за М Нет изјави дека ова за нив е голем бод.

Тренерот на Беса, Александар Таневски, за М Нет вели дека дава висока оценка за натпревар кој се одиграл на тежок терен додава дека Детонит ја остварил целта да остане непоразен. Таневски додава дека пролетниот дел е потежок во однос на есенскиот и вели дека до крајот ќе има уште поголем борба отколку досега. Искусниот фудбалски стратег Таневски вели дека е среќен што Беса и Пелистер се одвоиле за тие први две места.

Беса е лидер со 51 бод, а во следното коло ќе гостува кај Кожуф во Гевгелија, додека пак Детонит кој е трет со 38 бодови во следното коло ќе биде домаќин на Тетекс.

Александар Ванев, М-Нет