Текстилец го доби Преспа Вардар, Бисинов пресилен во дербито со Радовиш

Викендот се одиграа натпреварите од 2. коло од плеј-аутот и плеј-офот од Првата ракометна лига.

Во плеј-аутот ракометарите на штипски Текстилец забележаа прва победа во неизвесен меч со резултат од 26:24 откако во првиот дел штипските ракометари губеа со 12:16.

Гостинот од Ресен подобро го отвори мечот и имаше серија од 0:3, а потоа дојде и до 4:8 односно на плус четири. Текстилец се враќаше и доје до 12:13, но гостинот одново одлепи на 12:16.

Во вториот дел Текстилец ја превзема контролата врз натпреварот и резултатот и влезе во серија со која направи пресврт на резултат при 20:19, а потоа одлепи на 25:21, за на крај да слави со конечни 26:24.

Дарио Јорданов го водеше Текстилец од прва победа во плеј-аутот со десет гола, а кај Вардар Преспа најдобар беше Бојан Поповски со шест гола.

Партизан со убедливи 38:20 забележа го доби Борец, а пак Овче Поле со 25:19 го доби Кичево. Во оваа коло слободен беше Астраион. Во однос на табелата Астраион и Овче Поле го делат првото место со по 6 бода, Партинза и Текстилец го делат третото место со по 5 бодови. На делба на петтото место се Преспа Вардар и Кичево со по 4 бода, а на дното е Борец без бодови.

Во однос на плеј-офот дербито во Автокоманда заврши со триумф за Металург против Младост од Богданци со резултат од 30:26, Македонија ЃП дома го доби Шампион со 29:25, Драчево ја доби Јехона со сигурни и убедливи 32:27, а во Радовиш наместо дерби, убедлива победа за Бисинов кој со 26:40 славеше над главниот конкурент Радовиш.

Во првиот одлично парираа и двете екипи кога беше 4:5 за гостинот од Велес, кој потоа одлепи и стигна до 9:17 на полувреме. Во второто полувреме разликата растеше, откако искусниот Ивица Илиев кој е поранешен играч на Радовиш ја полнеше мрежа на противникот за конечни 26:40.

Кај Радовиш најдобар беше штипјанецот Васе Петров со 10 гола, а кај гостинот најмногу Ивица Илиев беше најдобар со 10 гола, а втор најдобар беше Илија Табаков со седум гола.

Во однос на табелата лидер е Бисинов со девет бодови, втор е Младост со шест бодови, третото место го делат Драчево и Радовиш со по пет бодови. На делба на петтото место се Металург и Јехона со по четири бода, Македонија ЃП е претпоследен со три бода, а на дното е Шампион без бодови.

Александар Ванев, М-Нет