
Фудбалската федерација на Македонија започува со голема донација, а во која ќе бидат опфатени 72 клубови од Третата македонска фудбалска лига, кои ќе добијат околу 1.400 фудбалски тoпки, а 140 младински екипи од Супер лигата, Втората и Третата младинска лига ќе добијат повеќе од 3.000 топки.
Со оваа донација од страна на ФФМ, секој клуб обезбедува неопходна опрема за тренинг, но и за натпреварите, а со цел да имаат подобри услови и напредок на младите фудбалери.
Како што велат од федерацијата оваа иницијатива е дел од континуираните заложби да се обезбедуваат еднакви можност и квалитетни услови за сите клубови, без разлика во кој ранг на натпреварување учествуваат.
Ваквите донации ќе продолжат и во иднина, а во декември ќе следува уште една донација на опрема за младинските тимови, како дел од планот за поддршка на младинските категории.
Претходно, Фудбалската федерација на Македонија донираше околу 2.000 фудбалски топки за сите Општински фудбалски сојузи, додека пак клубовите од Првата македонска фудбалска лига добија по 30 фудбалски топки.
Александар Ванев, М-Нет