
Жителите на неколку улици во Штип утре (30 јуни) ќе останат без вода за пиење поради изведување работни активности за приклучување на нова водоводна линија на улицата „Христијан Карпош“ (Триангла).
Според известувањето на ЈП „Исар“, прекинот во водоснабдувањето ќе започне во 08:00 часот и ќе трае до завршување на интервенцијата.
Без вода ќе бидат корисниците на следните улици:
„Христијан Карпош“
„Маршал Тито“
„АСНОМ“
„Рудо“
„Боро Милевски“
Од ЈП „Исар“ апелираат до граѓаните за разбирање и трпение додека траат работите на терен, со цел успешно реализирање на приклучокот на новата водоводна линија и нормализирање на водоснабдувањето по завршувањето на интервенцијата.