ФФМ го суспендираше теренот на Башкими во Куманово

Фудбалската федерација на Македонија преку соопштение информираше дека е суспендиран теренот на Башкими во Куманово, а причината за суспензијата на теренот е присуство на неслужбени лица на теренот веднаш по завршувањето на натпреваро од 4. коло во Втората македонска фудбалска лига.

„ФФМ информира дека Комисијата за натпревари на ФФМ на денес одржаната седница донесе одлука според членовите 41,42 и 75 од Правилник за натпревари на ФФМ за СУСПЕНЗИЈА на Стадион „БАШКИМИ“ Куманово поради присуство на неслужбени лица на теренот веднаш по завршување на натпревар во рамки на 4 коло на Втора МФЛ помеѓу екипите на ФК Башкими 1947 АД – ФК Беласица АД одигран на 25.09.2024 година во Куманово. Стадионот „БАШКИМИ“ Куманово е суспендиран се до донесување на одлука на Дисциплинска комисија на ФФМ. Суспензијата стапува на сила веднаш“, се вели во соопштението на ФФМ.

Тоа значи дека Башкими домашните натпревари ќе мора да ги игра на друг терен, а во следниот период ќе биде познато каде Башкими ќе игра како домаќин и колку натпревари надвор од нивниот стадион.

Покрај теренот на Башкими суспендиран е и теренот во Неготино, како и теренот на прволигашот Тиквеш во Кавадарци.

Александар Ванев, М-Нет