
Денес студентите од мединскиот факултет при УГД Штип, спроведоа граѓанска акција по повод светскиот ден на срцето. На сите случајни минувачи им нудеа можност за бесплатно мерење на крвниот притисок, а воаедно и спроведување на анкета се со цел поголема едукација на граѓаните. Претседателката Ирена Жежова посочи дека организирале дводневен насстан, вчера со одржано предавање на студентите, а денес со спроведување на граѓанската акција.
„По повод светскиот ден на срцето ние денес студентите на факултетот за медицински науки при УГД и студентската организација СОМА, одлучивме тоа да го одбележиме преку една граѓанска акција каде што на случајни минувачи ќе им мериме крвен притисок и ќе им правиме анкета. Анкетата има за цел да ни покаже колку од населението во Штип страда од хипертензија односно покачен крвен притисок. За ваквата цел направивме дводневен настан каде што вчера имавме предавање за нас студентите од проф. д-р Гордана Камчева Михаилова, а денес ја организираме ова граѓанска акција за бесплатно да им измериме на граѓаните. Ова има за цел не само мерење туку и едукација на населението за крвниот притисок и како полесно да ги препознаат симптомите и побрзо да дојдат до дијагноза и правилно препишана терапија.“ – изјави Жежова
Децидни дека со граѓанските акции го едуцираат населението со цел полесно препознавање на симптомите, за навремено дијагностицирање и правилно препишана терапија. Граѓаните кои денес се упати кон пунктовите за мерење на крвен притисок пред камерите на М-Нет телевизија посочиа дека ваквите граѓански акции се во полза на населението, за рано дијагностицирање на одредена болест, но и рутинска контрола од страна на медицинските студенти.
„Супер е да се организира, но и да се намалат секојдневните стресови. Добро е супер баш убаво, да продолжат вака баш ќе е убаво. Па дека е ногу убаво ова хумана акција, па да ви кажам не сум правила, затоа што нема пари и треба за се пари да има и за контроли.“ – изјавиа анкетираните
Инаку граѓнската акција спроведена од страна на студенти од студентската организација СОМА се спроведуваше на две локации кај градскиот пазар во Штип во период од 09 до 13 часот.
Лаура Стојанова, М-Нет