
Претседателот на Комисијата за Спорт при Општина Штип, Дејан Здравков денес упати повик до спортските клубови и поединци со свои пријави да аплицираат за традиционалниот избор на спортист на годината за 2021 година. Пријавите и критериумите можат да се подигнат во просториите на Општина Штип или на веб страната на општината а аплицирањето ќе се одвива во периодот од 17.12 до 29 12.2021 г. Сите оние пријави кои нема да пристигнат до наведениот датум, нема да бидат предмет на разледување.
Комисијата за Спорт во својата програма има зацртано финансиско помагање на сите оние спортски клубови и поединци во вид на котизација, потоа според зацртана годишна програма како и за плански активности во вид на организирање на турнири или други спортски манифестации во текот на календарската година. Разгледувањето на сите пријави, нивно бодирање и класифицирањето на најдобрите го формулира заедничката комисија во проширен состав, составена од членовите на Комисијата за спорт и спортските новинари на град Штип.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk