
Екипата на Астибо во Штип согоре во желбата да го победи реномираниот тим на Арбен Бајрами. Астибо добро играше и имаше водство во првото полувреме од 2:1. Се чини ова водство ги задоволи домашните играчи кои во второто полувреме не постигнаа ниту еден гол, додека гостите постигнаа дури три гола и натпреварот заврши со резултат Астибо – Арбен Бајрами 2:5. Вториот штипски прволигаш исто така загуби минимално во Кавадарци од Црна Река со резултат 3:2. Од ова 5 коло не се одигра само натпреварот во Велес, Кеги Меги – Шкупи, бидејќи тимот на Шкупи играше меч од квалификациите во лигата на европски шампиони и во Скопје го победи првакот на Ирска, Даблин со резултат 3:0 и ги продолжува квалификациите. Еве ги комплетните резултати од ова 5 коло:
- Кеги Меги – Шкупи одложено
- Велес – Кратово 16:8
- Проект Цико – Карадак 14:2
- Црна Река – Мал Ајакс 3:2
- Астибо – Арбен Бајрами 2:5
- Јувентус – Железарец 3:5
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk