
Новите здравствени мерки на Комисијата за здравство доведoa до моментален прекин во некои спортски првенства. Првата Футсал лига на Македонија во овој викенд на програмата ги имаше натпреварите од 20 коло во кое тимот на Астибо требаше да гостува на Кеги Моби а Мал Ајакс ќе играше со Арбен Бајрами. Дерби на колото и борба за водечката позиција требаше да се одржи во Скопје помеѓу екипите на Шкупи и на Проект Цико. Сето ова е одложено се до нова дополнителна информација за тоа кога и како ќе продолжи Футсал првенството на Македонија. Исто така фудбал нема да се одигра ниту на зелените терени на третолигашките екипи кои требаше да ги одиграат натпреварите од 17 коло. Поради обавезните ПЦР тестови овој викенд фудбал ќе има само во Првата и во двете Втори лиги на Македонија каде што овие тестови беа финансирани од страна на ФФМ .
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk