
Комбинирано во сабота и недела ќе се одиграат натпреварите од 29 коло на Првата Македонска фудбалска лига. Коло во кое ќе има исклучително важни натпревари особено за екипите кои бараат спас и бегство од опасната зона која значи испаѓање или избегнување на бараж натпревари. Во Скопје ќе се сретнат Вардар кој има шанси и Беласица која е веќе отпишана. Интересено и возбудливо ќе биде и во Кратово ксде што ќе гостува Академија Пандев а во Битола спас ќе бара и Ренова. а мора да споменеме дека до крајот останува да се одиграат уште 5 кола. Еве ги комплетните двојки за ова 29 коло :
- Силекс – Академија Пандев
- Пелистер – Ренова
- Вардар – Беласица
- Шкендија – Борец
- Шкупи – Работнички
- Македонија ЃП – Струга ТЛ
Сите натпревари ќе се одиграат во недела 25 април со почеток во 13.00 часот, освен средбата во Кратово која ќе се одигра во сабота во истиот термин.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk