Фудбал: Тимот на Кит Го ги полни „батериите“ во својата спортска база во Пехчево

Екипата на Кит Го традиционално своите подготовки за претстојната сезона ги одвива во својата база во Пехчево каде што ги има неопходните одлични услови. Шефот на Стручниот штаб Емил Грнев нагласи дека се работи на два пати дневно се до 31 јули до кога ќе траат подготовките во Пехчево. Во тој период веќе се договорени одигрување на три контролни средби и тоа:

На 24 јули ќе се сретнат Кит Го – Слога Виница

На 28 јули, Кит Го – Осогово

На 31 јули , Кит Го – Тријал, Крушевац

Сите овие три средби ќе се одиграат во Пехчево. Емил Грнев нагласи дека во тимот секогаш се нагласува потребата и присуството на млади играчи желни за афирмација, нивна и секако на клубот и за таа цел се потпишани договори со следните репрезентативци на У – 19 селекцијата на Македонија:

Давид Бошковски, штопер кој дојде од екипата на Њу Старс од Скопје,

Јонуз Рушту, везен играч кој дојде од Работнички и

Љупче Јанкулов , десен бек кој дојде од тимот на Кожув

Колку за потсетување првенството во ВМФЛ – Исток ќе започне на 21 август оваа година.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk