
Фудбалерите на Брегалница продолжуваат со подготовките во прекрасните услови на спортско – туристичкиот центар на Златибор. Паралелно со тренинзите тимот на Брегалница својата форма ја темпира со одигрување на пријателски – контролни средби. Денес според програмата следува третиот пријателски тест ,овој пат со црногорскиот прволигаш Искра, на кој ново име во Брегалница ќе биде фудбалерот Милан Ѓокич кој пак доаѓа од тимот на Бачка. Ова ќе биде шесто засилување во редовите на Брегалница ако се има во предвид дека досега верност кон Брегалница искажаа: Стефан Коцев, Антонио Азиновиќ, Иван Минчев, Бобан Георгиев и Даниел Мојсов. А токму тимот на Бачка ќе биде следниот и последен противник на Брегалница на овие подготовки, натпревар кој Брегалница ќе го одигра на 21 јули оваа година по што фудбалска експедиција на Брегалница ќе се врати во Штип.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk