
Фудбалските второлигаши од групата Исток утре,сабота ќе ги одиграат натпреварите од редовното 13 коло во кое вниманието на фудбалската јавност ќе биде насочено кон Прилеп. Таму ќе се одигра дерби натпреварот поме]у моменталниот лидер на табелата Слога од Виница која има 28 бодови и второпласаната Победа која собра 26 бодови. Во Штип пак екипата на Кит Го ќе биде домакин на тимот на Братство и благодарејќи на одличната соработка со ФФМ на нашата Мнет ТВ и на каналот Мнет Спорт ќе вршиме директен пренос од овој меч. Интересно ќе биде и во Радовиш каде што ќе се сретнат екипите на Детонит и Каменица Саса. Еве ги комплетните двојки за ова 13 коло:
- Кит Го – Братство
- Беласица – Кожув
- Детонит – Каменица Саса
- Победа – Слога
- Локомотива – Осогово
Сите натпревари ќе се одиграат во сабота 4 декември 2021 г. со почеток во 13.00 часот.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk