„Инвазија“ на штипски официјални лица, Пилешков и Ѓоргиев главни „свирки“ во Струга,односно во Скопје

Во претстојниот фудбалски викенд ќе има вистинска „инвазија“ на официјални лица од Штип ширум фудбалските терени во Македонија. Прволигашите на програмата ќе ги имаат натпреварите од 16 коло во кое „главната свирка“ на мечот Струга Трим Лум – Тиквеш му е доверена на Димитар Пилешков а четврти судија ќе биде Стојанче Стојанов. Интересно на овој меч на клупата на Тиквеш како шеф на Стручниот штаб ќе биде Влатко Костов. „Главна свирка“ во ова прволигашко коло ќе биде и Крумислав Ѓоргиев на натпреварот Скопје – Шкупи а ќе му помагаат Кристијан Џонов и Ристо Ѓоргиев. Што се однесува пак до делегатската листа, Венцо Зафиров ќе ја има таа улога на средбата во Струмица, Беласица – Кожув од Втората Македонска Фудбалска лига – Исток, 13 коло.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk