
Заслуженото прво второлигашко место и триумфалниот поход во Првата фудбалска лига на Македонија беше повод и причина фудбалскиот погон на Брегалница да биде на приен кај градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов. Честитајќи им на успехот градоначалникот Сашко Николов им посака пријатен престоен одмор по напорната сезона а потоа враќање на тренажниот процес, бериќетна прволигашка сезона која би се зачинела со еветуален европски фудбалски излез.
Во година на 100 годишен јубилеј од формирањети на клубот се погласни се гласините за одигрување пријателски ревијален меч со сплитски Хајдук.
Тимската работа, извршените тактички задачи се важен сегмент за успехот на Брегалница
Капитенот Ристе Наумов е пример и идол за помладите играчи како се бори и се гине за синиот дрес.
Заедничката фотографија беше како печат на денешната посета и траен белег за овој успех на Брегалница постигнат по 4 второлигашки сезони.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk