Приведено младо момче од Штип, украл паричник во маркет

На 19.05.2021, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода Д.З.(24) од Штип поради сомнение дека околу 17.55 часот  во маркет на ул.,,Борис Крајгер“ од Е.Т.(35) од Штип одзел паричник во кој имало пари, накит и документи. Од страна на полициски службеници паричникот со предметите бил одземен и вратен на Е.Т.. По комплетирање на случајот против Д.З. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.