
Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе биде во епицентарот на фудбалските возбудувања во рамките на Лигата на нациите за пласман на Европското првенство. Од „куќата на фудбалот“ информацијата дека на овој мошне важен натпревар Македонија – Косово за прв пат ќе се имплементира ВАР системот со видео технологија за припомош при спорни или сомнителни судиски одлуки. Натпреварот Македонија – Косово ќе се одигра на 8 октомври со почеток во 20.45 часот а генералната тест проба на ВАР технологијата ќе мора да се изврши еден ден порано. На тестот ќе му претходи состанок на преставниците на ФФМ, одговорните за ВАР системот и преставник на компанијата која УЕФА ја има ангажирано за оваа намена. Последниот тест ќе се изврши на два часа пред натпреварот а во случај на техички проблеми со имплементацијата на ВАР системот тогаш оваа видео асистенција нема да се користи.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk