Списокот на ФФМ – УЕФА академијата во Скопје зачинет со три штипјанчиња

Фудбалската паралелка на академијата на ФФМ – Уефа со седиште во Скопје го објави списокот на 33 млади фудбалерчиња кои се примени после одржаните три тестови.

Меѓу нив се и штипјанчињата Стефан Антониев и Марио Митрев од Брегалница и Бојан Митров од ФА Постолов Пандев. Оваа фудбалска академија ќе ја посетуваат најдобрите млади фудбалери од цела Македонија инаку од генерацијата 2007 година кои успешно ги минаа трите тестови, првиот одржан во Струмица а потоа уште два теста кои се оджаа во Скопје.

Со овој успешно завршен тест Стефан Антониев, Марио Митрев и Бојан Митров ја продолжуваат традицијата на десетината млади штипјанчиња кои во изминатиот период ја посетувале и успешно ја завршиле оваа академија, за да понатаму заиграат во репрезентативните младински селекции на Македонија. Спортската редакција на Mnet им посакува успешна учебна година а со тоа и богата фудбалска кариера.

Драги Герасимов – Пушка Мnet.mk