Фудбалерите на Пелистер и Вардар ќе бијат битка во 25 прволигашко коло

Комбинирано денес и утре ќе се одиграат натпреварите во рамките на 25 коло во Првата Македонска фудбалска лига. Интересно ќе биде во Битола на средбата Пелистер – Вардар кое некогаш зрачеше со незивесност и со голема еуфорија, но денес улогите фудбалски се изменија. Шкендија во Тетово го пречекува Силекс а на Чаир ќе играат Шкупи и Ренова. Еве ги kомплетните двојки за ова 25 коло:

  1. Македонија ЃП – А. Пандев
  2. Пелистер – Вардар
  3. Шкендија – Силекс
  4. Шкупи – Ренова
  5. Струга Т Л – Беласица
  6. Работнички – Борец

Сите натпревари ќе се одиграат во недела 4 април со почеток во 15.00 часот, освен средбата во Ѓорче Петров која на програмата е денес.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk