ФОТО: Тешка сообраќајна несреќа кај Три Чешми, загинато едно лице

фото: М Нет ТВ

Тешка сообраќајна несреќа се случи рано утринава на автопатот Штип-Миладиновци во близина на на населбата Три Чешми, во која што според првичните информации е загинато едно лице. Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова за М Нет потврдува дека несреќата се случила меѓу товарно возило и автомобил. Во моментов на местото на несреќата се екипи на Итна Медицинска помош, Противпожарната единица и Полиција. По што ќе се изврши и увид за причините на несреќата. Повеќе информации за несреќата во текот на денот. АМСМ известија дека сообраќајот на автопатот Штип Миладиновци е во прекин.