36 годишник од Гевегелија загина во сообраќајната незгода кај Три Чешми

Тешка сообраќајна незгода утринава во близина на Штип, 36 годишен возач од Гевгелија го загуби животот. Рано утринава нешто пред шест часот кај клучката кај Три Чешми дошло до директен судир меѓу две возила, патничко моторно возило и товарно возило. Возачот на голфот го загубил животот на лице место додека пак 26 годишниот возач на товарното возило со телесни повреди е префрлен во Клиничка болница Штип.

„Утринава околу 5:35 часот во СВР Штип било пријавено дека во близина на Три Чешми се случила сообраќајна незгода меѓу патничко возило „голф“ со гевгелиски регистерски ознаки управувано од возач на возраст од 36 години од Гевегелија, и товарно возило марка „ман“ со косовски национални ознаки управувано од 26 годишен возач од Блаце, скопско. На местото на несреќата од здобиените повреди починал возачот на патничкото возило, а смрт констатирал лекар, а возачот на товарното возило се здобил со телесни повреди констатирани во КБ Штип. Увид на местото на настанот извршиле увидна екипа на секторот за внатрешни работи Штип и јавен обвинител.“ – вели Панајотова.

Од СВР Штип потенцираат и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќјните правил и прописи и да ја прилагодуваат брзината на движење на возилата согласно состојбата на патиштата.

Инаку, од почетокот на оваа година, во близина на Штип ова е трета сообраќајна несреќа со човечки жртви.

Лаура Стојанова М-Нет