(Фото) Општина Аеродром: Нови смарт-табли во Основното училиште „Блаже Конески“ за целосно современа настава

Новата учебна година во ООУ „Блаже Конески“ во Мичурин започнува со уште подобри услови за учење.

Со набавката на новите смарт-табли, целото училиште е опремено со современа технологија која овозможува интерактивна, интересна и модерна настава, извести Општина Аеродром.

„Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска беше во посета на училиштето кое е целосно подготвено да ги пречека учениците на 1 септември – со современа технологија, подобри услови и средина во која учењето ќе биде поинтересно, поинтерактивно и поблиску до современиот начин на живот.

Со ова, ООУ „Блаже Конески“ се издвојува како едно од најмодерно опремените основни училишта во земјава – училиште кое ги следи современите образовни трендови и создава подобри услови за своите ученици“, соопшти Општината Аеродром.

Текстот (Фото) Општина Аеродром: Нови смарт-табли во Основното училиште „Блаже Конески“ за целосно современа настава е превземен од МАКФАКС.