(Фото) Комунална хигиена-Скопје спроведе акција за чистење во гимназијата „Орце Николов“

ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше акција за генерално чистење во СУГС „Орце Николов“. Во текот на акцијата беа собрани и транспортирани 20 кубни метри претежно кабаст отпад од училишните простории и дворот на гимназијата.

„ЈП Комунална хигиена-Скопје секоја година спроведува и едукативни активности во оваа скопска гимназија, во чиишто рамки учениците се запознаваат со активностите на Претпријатието и како преку правилното постапување со отпадот и примарната селекција да ја заштитат својата животна околина“, соопштуваат од ЈП Комунална хигиена-Скопје.

Текстот (Фото) Комунална хигиена-Скопје спроведе акција за чистење во гимназијата „Орце Николов“ е превземен од МАКФАКС.