Форца е во големото финале од футсал Купот, ќе се бори за двојна титула против Клими!

ФОТО: Телевизија М Нет

Синоќа беа одиграни полуфиналните натпревари од футсал Купот на Македонија, каде Форца со 4:0 го декласираше Шкупи, и наместо возбудливо дерби, лесен меч за новиот шампион во Првата футсал лига, каде во големото финале ќе се бори за двојна титула.

Не требаше многу за Форца да го отвори резултатот. По три минути игра искусниот Зоран Левески погоди за 1:0, а веднаш потоа Иван Крстевски стралеше за двојна предност. Во 16. минута од мечот Ерол Далип постигна гол за високи 3:0 на полувреме.

Во вториот дел рутински одигра Форца, а Харис Омеровиќ погоди во 37. минута за конечните 4:0.

Клими и Осогово од Крива Паланка одигра 0:0 во регуларниот дел, по што патникот за финалето се решаваше преку пенал рулетот каде со 3:2 Клими беше подобар и патува во финалето каде ќе се соочи со Форца.

Во првата пенал серија Димче Андов не погоди за Клими, а кај Осогово не погоди искусниот Адријан Мицевски. Во втората серија Никовиќ погоди за Клими, а Ангеловски за Осогово.

Во третата серија Чоков погоди за Клими, а пак Ристовски не реализираше кај Осогово. Во четвртата серија Благојевски не реализираше кај Клими, а Коцевски реализираше кај Осогово.

Во петта серија Аризанов реализираше кај Клими, а Станојковски не реализираше кај Осогово.

Во големото финале ќе се соочат Форца која ќе атакува на двојна титула и Клими од Кавадарци.

Александар Ванев, М-Нет