Кравари пресилен, Кораб со нов триумф, Демир Хисар го доби Влазними

Екипата на Демир Хисар со 0:2 славеше на гостувањето во Струга кај екипата на Влазними во меч од 14. коло од Третата македонска фудбалска лига – Југозапад.

До овој триумф гостинот стигна со голот на Јанкуловски во 23. минута и погодокот на Китановски во 85. минута за конечните 0:2. Ова ќе биде најава за следното коло кога ќе се одигра и дербито меѓу Демир Хисар и лидерот Кораб.

Дербито во Дебар меѓу Кораб и Лирија заврши со триумф за лидерот со резултат од 2:0 со двата погодоци на Ујкан Муча.

Кравари на домашен терен со 6:1 го распадна составот на Светлост, а на овој меч Марцевски постигна хет-трик, а по еден гол постигнаа Лаковски, Мерсими и Емини. За гостинскиот тим Крклински беше единствен стрелец.

Во однос на табелата Кораб е прв со 33 бодови, Кравари е втор со 24 бодови, Демир Хисар е трет со 22 бодови, Лирија е четврта со 20 бодови, Преспа е петта со 16 бодови. Јанг Тим е шест со 9 бодови, а толку бодови имаат и Влазними и Светлост, на дното е Сатеска од Волино со шест бода.

Александар Ване, М-Нет