ФК Шкупи: Андреј е на интензивна нега, но е надвор од животна опасност!

ФОТО: ФК Шкупи

Фудбалскиот клуб Шкупи се огласи околу состојбата на својот фудбалер Андреј Лазаров, кој беше еден од повредените во синоќешната трагедија која се случи во Кочани, откако се запали дискотека.

Меѓу повредените е и Лазаров, а од ФК Шкупи информираат дека е надвор од животна опасност, со изгореници на делови од телото.

„Прво сакаме да ве информираме дека нашиот фудбалер Андреј Лазаров е надвор од животна опасност, иако е на интензивна нега. Има изгореници на делови од телото по пожарот и големата трагедија која се случи во текот на ноќта во Кочани. Ја потврдивме оваа информација откако контактиравме со неговото семејство и роднини. На Андреј му посакуваме брзо заздравување. Во ова тешко време, изразуваме најдлабоко сочувство до сите изгубени животи во оваа трагедија. Нашите срца се со семејствата на жртвите и целата наша земја“, стои во објавата на Шкупи.

Според последните информации 59 лица го загубија животот.