
Меѓу четирите лица кои починаа од Штип во пожарот во дискотека во Кочани е и директорот на Дом на култура Ацо Шопов Штип, Филип Стевановски, тој беше директор и на фестивалот за деца Весело штурче а воедно и член на групата која свирела во кочанската дискотека. Од Домот за култура Штип напишаа:
Со длабока тага и неверување ја споделуваме веста дека нашиот раководител Филип Стевановски трагично го загуби животот во несреќниот настан во Кочани. Иако беше со нас неполни два месеци, неговата посветеност, професионалност и човечност оставија неизбришлива трага во нашиот тим. Изразуваме искрено сочувство до неговото семејство, пријателите и сите кои го познаваа.Нека почива во мир.