
ФК Шкендија Арачиново објави дека потпиша договор со офанзивниот фудбалер Владимир Жоглев. Тој преминува во Шкендија А. од редовите на ФК Осогово.
Жоглев е искусен фудбалер и има настапувано во Вардар, Тетекс, Скопје, Беса Добри Дол, Борец Велес и Победа Прилеп.
Од Шкендија Арачиново му посакаа добредојде и среќа во новиот дрес.