
Денешната посета и присуството на нас новинарите на тренингот на македонската репрезентација на стадионот на Стеауа беше можност малку да прочепкама по историјата на овој романски клуб. Формиран на 7 јуни во 1947 г. под името ФЦСБ кој во 1961 г. го менува називот во Стеауа. Самото ново име на клубот доаѓа од црвената звезда steaua која како симбол е на клупскиот грб. Звездените моменти Стеауа ги доживува во 1986 г. кога во финалето на Купот на Европските шампиони под раководство на тренерот Ангел Јорданеску ја победи Барселона со резултат 2:0 на пенали, во регуларниот дел мечот заврши 0:0.

Интересно голманот на Стеауа, Хелмут Дукадаму ги одбрани сите 4 пенали на играчите на Барселона и беше јунакот на овој трофеј. Стеауа е првиот клуб од Источна Европа кој го освои купот на Шампионите а во истата сезона го освои и Супер купот на Европа победувајќи го тимот на Динамо од Киев со резултат 1:0. На пригодно место на влезот на стадионот се испишани имињата на играчите кои ги освоија овие драгоцени трофеи со што трајно остануваат во меморијата на навивачите на овој романски клуб.

Играчите Хелмут Дукадам, Думитру Стангациу, Стефан Јован, Миодраг Белодедич, Адриан Бумбеску, Илие Барбулеску, Антон Веишенбахер, Лучиан Балан, Ласло Болоњи, Михаил Мајеару, Тудорел Стојка, Константин Пистол, Марин Раду, Виктор Питурка, Гаврил Балинт, Мариус Лакатуш заедно со тренерите Ангел Јорданеску и Емерик Јенеи при секоја посета на овој стадион ќе потсеќаат на оваа златна европска и романска генерација. Поради спор со војската на Романија во 2017 г. овој клуб го смени името како ФЦСБ и како таков фигурира и ден денес. Инаку во својата историја клубот Стеауа бил 26 пати шампион на Романија и 22 пати бил освојувач на Купот на Романија.
Од Букурешт Специјално за Мнет ТВ – Драги Герасимов – Пушка