ФК Кул со генерација 2010 го освои првото место на Волос Куп 2024, 5. место за 2009 генерација

Нови големи меѓународни успеси за ФК Кул, откако со генерација 2010 и 2009 учествуваа на меѓународниот турнир Волос Куп 2024 во Грција.

Фудбалерите на ФК Кул за првпат учествуваа на овој меѓународен турнир во Грција и веднаш забележаа високи резултати, откако фудбалерите од генерација 2010 го освоија турнирот, а пак фудбалерите од генерација 2009 завршија на 5. место.

ФК Кул е познат по тоа што учествува на многу домашни и меѓународни турнири, а каде бележи големи резултати, а од самата школа произлегуваат големи фудбалски таленти. Воедно ФК Кул е организатор и на големиот и познат Меѓународен турнир Кул Куп.

Александар Ванев, М-Нет